Ја изневери пред да се породи - Клои Кардашијан на 36-от роденден се сврши со Тристан Томпсон?
- Детали
- среда, 01 јули 2020
Клои Кардашијан неколку дена пред породувањето дозна дека Тристан Томпсон ја изневерил со најдобрата другарка на сестра ѝ Кајли Џенер, а сега на 36-от роденден прифати свршенички прстен од него?
Клои Кардашијан го прослави 36-от роденден со забава со пријателите, а на фановите во очи им падна прстенот на раката на ријалити ѕвездата.
Огромниот дијамант на многумина им изгледа како свршенички прстен. Почнаа гласини дека Клои наводно се свршила со Тристан Томпсон со кој постојано се смирува и се разделува, а веќе имаат заедничко дете и низа скандали поради неговите неверства.
Кога се роди нивната ќерка во 2018-та година Тристан постојано беше ловен на дело со други жени, а наводно имало докази дека ја изневерил уште во 2016-та година кога почнале да се состануваат.
Инаку, гласините дека парот се смирил се појавија кога во екот на пандемијата тие одлучиле да бидат заедно во карантин за да се грижат за својата ќерка. Наводно токму тој период ги зближил многу повторно.
„Тристан се однесува многу добро. Клои е дефинитивно шармирана од него.“, изјави извор близок до парот.
Дали Клои навистина верува дека овој маж склон кон неверства конечно ќе се смири покрај неа?
С. С. | Црнобело