„Ја покажавме вербата во Исус“ – Џастин и Хејли Бибер направија заедничка крштевка (фото)
- Детали
- четврток, 06 август 2020
Во средата, Џастин Бибер се пофали дека тој и сопругата Хејли направиле заедничка крштевка.
26-годишниот пејач сподели и фотографии од настанот, изјавувајќи:
„Ова беше еден од најважните моменти во мојот живот. Искажување на нашата љубов и верба во Исус со нашите пријатели и семејство“.
Пејачот сподели и фотографија од него и свештеникот што ги крштевал:
Изгледа дека религијата отсекогаш била важен дел од врската на Џастин и Хејли.
На пример, тие првпат се запознале како деца, во 2009-та, но повторно се сретнале неколку години подоцна, за време на миса во црква во Њујорк. Хејли има изјавено дека токму тогаш почнал да ѝ се допаѓа Џастин.
Парот се вери во јули 2018-та, а во септември минатата година беа венчани од свештеник.
Годинава Џастин прозборе за неговата духовност и за тоа како верата му помага во врската со Хејли.
„Јас сум следбеник на Исус и само сакам да ме води. Кога ќе го прифатите Исус, тој вели дека тогаш чекорите со Светиот дух. Па, мислам дека сакам да ме води Светиот дух“, изјави младиот пејач.
Хејли, пак, има изјавено дека во нивната врска, црквата секогаш е нивниот заеднички интерес.
И покрај нивната верба во Бог, Џастин има изјавено дека не сака да се нарекува религиозна личност:
„Не се сметам себеси за религиозна личност. Јас верувам во приказната на Исус – толку е едноставно моето верување.
Но не верувам дека некои луѓе се подобри само затоа што одат во црква, или дека мора да се облечете на одреден начин за да одите во црква.
Чувствителен сум за религијата бидејќи таа има повредено многу луѓе. Не сакам да бидам личност која ги оправдува неправдите што ги направила религијата“.
Спирова С. | Црнобело