Бруклин Бекам (21) шета со свршеницата и малата сестричка, а Ромео Бекам (17) со девојката
- Детали
- четврток, 30 јули 2020
Изгледа бракот на Дејвид и Викторија Бекам прави и нивните деца да веруваат во љубовта и уште од млади години да се посветени на сериозни љубовни врски.
Децата на Дејвид и Викторија Бекам дефинитивно се воспитани во духот да веруваат во љубов и да го ценат семејството.
Доказ за тоа е што нивниот 21-годишен син неодамна одлучи да ѝ вети љубов до крајот на животот на својата сакана Никола Пелц, по само 9 месеци врска.
Но, кога е љубовта во прашање сериозен е и неговиот помал брат Ромео Бекам. Тој е во врска со 17-годишната Мими, која ја носи дури и на заеднички семејни патувања.
https://www.instagram.com/p/CDCPdMxDHuh/
https://www.instagram.com/p/CDManuCDvFl/
https://www.instagram.com/p/CC1LsZfj6Nq/
https://www.instagram.com/p/CCoEZn9jWc3/
https://www.instagram.com/p/CAL2WTVg7H8/
Инаку, по свршувачката Бруклин и Никола минуваат време со нивните семејства. Тие беа фотографирани на прошетка со 9-годишната сестричка на Бруклин, малата Харпер.
Фотки од прошетката:
С. С. | Црнобело