Дрога, љубов кон гробиштата: Другар на Анџелина Џоли открива мрачни детали од нејзината младост
Изворот додава дека Џоли имала дива мрачна странa:
„Се забавувавме, пиевме алкохол, пушевме цигари, земавме ЛСД (халуциногена дрога), одевме каде ќе ни текне со автобус, се облекувавме во црно и мислевме дека сме анархисти. Не сакавме да возиме модерни автомобили и се заложувавме за децата кои беа задевани во училиште.“
Мајката на Анџелина Џоли починала на 56 години од рак на града и наводно ја терала Џоли да зема контрацепциски апчиња уште на 15-годишна возраст и му дала дозвола на тогашното момче на Џоли да спие во нејзината соба.
„Енџи го стори спротивното, не спиеше со него и ги фрли апчињата во тоалетната шолја. Отсекогаш имаше силна волја, уште откако ја запознав на 13 години.“
Мајка ѝ сакала да биде кул мајка, па така на Џоли и пријателите им дозволувала да пијат кај неа дома.
Но, врската на Џоли со нејзиниот татко била многу лоша, откако тој ја изневерил мајка ѝ. Изворот вели дека во еден миг таа дури фрлила нов компјутер низ прозорецот од бес.
Џоли имала мрачна страна, сонувала да стане директор на погребално друштво, а одела и на гробишта, каде се чувствувала одлично и се фотографирала. Била опседната со самоубиства и мрачната страна на животот.