Дрога, љубов кон гробиштата: Другар на Анџелина Џоли открива мрачни детали од нејзината младост
- Детали
- среда, 29 јули 2020
Во младоста Анџелина Џоли била исто убава, но многу мрачна. Нејзин другар откри детали за неа и објави невидени фотки од нејзините тинејџерски денови.
Во британските медиуми осамнаа никогаш досега видени фотографии и писма од Анџелина Џоли. Сега наградуваната актерка, некогаш била дива тинејџерка од Беверли Хилс.
На некои од фотографиите таа на 14-годишна возраст пие со пријателите, се излежува на кревет, а позира дури и на гробишта.
Џоли пишувала за своите мамурлаци, мажите што ја привлекувале и нејзиното дисфункционално семејство во писмата и разгледниците што им ги праќала на своите пријатели во тинејџерските години.
Изворот на овие фотографии и писма е личност со која Џоли одела во училиште во Калифорнија. Тој за неа вели дека била диво дете, пиела алкохол, пушела марихуана и експериментирала и со други работи.
Но, вели дека отсекогаш имала големо срце и била дарежлива. Секогаш им позајмувала пари на пријателите и им давала на бездомниците.
„Таа отсекогаш беше прекрасна личност и имавме прекрасно пријателство. Луѓето не сфаќаа дека таа е хумана... Дива, но хумана. Еднаш ја немав видено 6 месеци и ми даде пари штом се сретнавме. Таа не можеше да помине покрај бездомна личност, а да не ѝ понуди храна или пари.
Тоа беше кога имаше само 14 години, па не е чудно што сега помага на бегалци низ целиот свет.“