Анџелина Џоли во скромно издание со коса собрана во опавче, ниту траг од холивудскиот гламур
- Детали
- петок, 24 јули 2020
Се сеќавате ли на фустаните со висок шлиц, раскошните локни, скапиот накит на светските манифестации? На улиците ѕвездите изгледаат сосема поинаку...
Анџелина Џоли е позната по тоа што понекогаш оди на кратки патувања со децата на кои сака да мине незабележано.
Но, овојпат беше фотографирана по враќањето во Лос Анџелес.
45-годишната актерка носеше комфорен макси фустан додека излегуваше од приватниот авион со нејзината ќерка Вивиен. Косата на Џоли ѝ беше собрана во ниско опавче и таа очигледно не сака да привлекува внимание со изгледот кога оди на прошетки со децата.
Инаку, Џоли и неодамна беше фотографирана со 12-годишната Вивиен кога пазареа торба за миленик.
И во оваа пригода Џоли изгледаше скромно со коса во опавче.
Кога Џоли шета во кежуал издание:
С. С. | Црнобело