„Доминира“ во танга бикини, Роналдо ѝ изјавува љубов: На Џорџина Родригез ѝ се погоди одморот на јахта
- Детали
- четврток, 23 јули 2020
Парот е повљубен од кога било, а Џорџина објави и фотографија на која му послужува ручек на Роналдо.
26-годишната Џорџина Родригез знае дека изгледа одлично и не се срами да го прикаже тоа во разголено издание пред своите 19 милиони следбеници на Инстаграм.
Таа веќе извесен период ужива на јахта со Кристијано Роналдо, а постојано објавува фотки како се сонча во танга бикини.
Парот си посветува внимание еден на друг и додека Џорџина објави фотка како го служи својот сакан, тој објави како позираат на јахтата двајцата и во описот напиша: „Направете вашите соништа да се остварат секогаш со специјално друштво“.
Очигледно фудбалерот е презадоволен од односот со својата избраничка.
Инаку, по фотките од одморот Џорџина објави и како позира во долна облека.
С. С. | Црнобело