„Лежеше како мртва“: Исповеди на славните за најужасниот секс што го имале
- Детали
- недела, 19 јули 2020
„Анџелина Џоли е толку здодевна во сексот, не можете ни да замислите. На многу луѓе им е тешко да поверуваат, со оглед на нејзината љубов кон камшици и синџири, но тоа е вистината.“ – вели нејзиниот поранешен сопруг Били Боб Торнтон.
Се случува луѓе да се сретнат, да се вљубат и потоа да испадне дека не си одговараат во кревет.
Некои познати личности споделија интимни детали за своите поранешни партнери:
Џесика Симпсон
Во 2002 година Џесика се омажи со музичарот Ник, откри дека ја изгубила невиноста на првата брачна ноќ на 22 години, но по разводот ја шокираше јавноста кога откри дека тој бил мизерен во кревет.
„Иако го сакав Ник многу, нашиот сексуален живот беше далеку од идеален. Искрено, првата ноќ речиси не почувствував ништо. Потоа, речиси ништо не се промени. Го жалам искрено“, изјави Џесика по разводот.
Адам Левин
Врската на Адам Левин со руската тенисерка Марија Шарапова заврши ненадејно, како што и започна. По разделбата Левин откри дека таа го разочарала во кревет.
„За време на сексот не испушташе ниту звук. Не можете да замислите колку разочаран бев. Мислев дека ќе вреска гласно, но таа лежеше како мртва. Беше лута јас кога испуштав звуци затоа што тоа ја спречувало да се концентрира“, изјави Левин.
Расел Бренд
Расел Бренд по разводот со Кети Пери откри дека таа била здодевна девојка и сексот со неа не бил кул.
„Кога имав секс со неа морав да си велам мисли на некој друг, мисли на некој друг“, сурово изјави Расел.
Ник Картер
По разделбата со Парис Хилтон, Ник Картер изјави:
„Мислам дека таа не обожава многу секс. Постојано ѝ беше потребно алкохол и дрога за да се чувствува самоуверено, но не помогна. Најчесто не се случуваше ништо затоа што толку многу пиеше што губеше свест.“
Били Боб Торнтон
Тој беше во брак со една од најсексапилните жени на светот, но откри дека Анџелина Џоли не била добра во кревет.
„Таа е толку здодевна, не можете да замислите. На многу луѓе им е тешко да поверуваат, со оглед на нејзината љубов кон камшици и синџири, но тоа е вистината.“
С. С. | Црнобело