Антониа Гиговска се офарба розова, па се сликаше без шминка и ги предизвика колешките (фото)
- Детали
- понеделник, 22 јуни 2020
По примерот на светските ѕвезди и Антониа Гиговска направи смела промена на имиџот.
Од Лејди Гага до Кети Пери, многу светски ѕвезди досега ги имаме видено како прават храбар потег и ја бојадисуваат косата во розово.
Сега и нашата Антониа Гиговска одлучи да направи таков експеримент.
Таа покрај тоа што направи смела промена во имиџот, се фотографираше без шминка и ги предизвика и колешките Елена Ристеска, Каролина Гочева, Лина Пејовска, Марија од „Ај Кју“ и Мартија Станојковиќ да го направат истото.
„Ова е доказ дека никој не е совршен. На крајот од денот ја бришам шминката. Јас се сакам себеси без шминка. Јас се чувствувам убаво без шминка“, напиша Антониа во описот на фотографијата на Инстаграм.
Новиот имиџ на Антониа:
https://www.instagram.com/p/CBlmgyMnngq/
Како изгледаше пред тоа:
https://www.instagram.com/p/B_VTa28HhR7/
https://www.instagram.com/p/B_QLB5UHeVh/
https://www.instagram.com/p/B_AcDhtn3yK/
Елена Ристеска веќе има позирано без шминка, погледнете ТУКА.
С. С. | Црнобело