Не е лесно да бидеш Сара Јо – Српската пејачка со тешки маки соблекува латекс здолниште
- Детали
- четврток, 21 мај 2020
Сара Јо е 26-годишна пејачка од Србија која со своите хитови ја размрдува цела публика, таа изгледа совршено на фотосесиите, но како изгледа зад сцената? Не е баш лесно како што личи...
За време на карантинот речиси сите проекти ѝ беа ставени на пауза, но откако се намалија рестриктивните мерки во Србија, пејачката веднаш се врати на работни ангажмани.
Вчера таа имаше фотосесија за магазинот Story и на фотките изгледа беспрекорно, но очигледно не е толку лесно и совршено како што изгледа на крајните фотки.
Едниот стајлинг вклучува долго, розово, латекст здолниште, кое може да претпоставите дека не е лесно да се облече, а уште потешко е да се соблече.
Се сеќавате на - Болка, гримаси: Како Ким Кардашијан облекува латекс костим?
На Instagram Story беа објавени моментите од соблекувањето на Сара Јо, за што ѝ биле потребни двајца помошници па со тешки маки успеала да се соблече.
А, резултатот од фотосесијата изгледа вака:
Таа исто така има и прекрасна фотографија во грмушка, облечена во раскошен црвен фустан. Фотката изгледа прекрасно и како максимално да ужива во природата.
Гримасите на пејачката на фотките и видеата зад сцената пак, откриваат дека не ѝ е сеедно што околу неа има толку бубачки, но професионалноста си го прави своето, па таа не дозволува ништо да ја спречи за беспрекорен краен резултат.
За оние кои не знаат, помладата публика ја обожава работата на Сара Јо, а српската поп ѕвезда може да се пофали со завидна фигура и неверојатни танцувачки способности.
Доколку првпат се среќавате со Сара Јо, преслушајте неколку од нејзините најдобри хитови:
М. М. | Црнобело