Вонвременска убавина: 33 години по снимањето на „Телма и Луиз“, главните актерки оставаат без здив
- Детали
- недела, 21 април 2024
Сузан Сарандон и Џина Дејвис, хероините на филмот „Телма и Луиз“ и денес изгледаат одлично и мамат воздишки исто како некогаш.
Ги паметите ли двете бунтовнички Телма и Луиз? Култниот филм „Телма и Луиз“ ги претвори фантастичните актерки Сузан Сарандон (77) и Џина Дејвис (68) во икони на феминизмот.
Филмот, кој претставува кинематографска и културна пресвртница, имал за цел да ја промени улогата на жената во филмовите.
Откако почнал да се прикажува во кино салите во мај 1991 година, овој филм предизвикал бура реакции.
Јавноста и критичарите биле воодушевени.
Филмот почува така што две бунтовнички - келнерка која се досадува во животот, и разочарана домаќинка, тргнуваат на одмор во колиба на планина.
По пат застануваат во еден бар, а Луиз (Сарандон) пука во маж кој се обидува да ја силува Телма (Дејвис). По ова нивното патување се претвора во бегство од полицијата.
фото: Фејсбук
Најголемите актерски имиња како Мерил Стрип, Џоди Фостер, Мишел Фајфер посакувале да добијат главна улога во овој филм.
„Телма и Луиз“ бил номиниран за Оскар во шест категории, а златна статуетка на крајот ја освоила само сценаристката Кали Кури.
Иако во филмот ја толкува домаќинката Телма, која е незадоволна од бракот и животот, Џина Дејвис првично сакала да ја игра Луиз.
Во едно интервју во 2011 година, таа признала дека нејзиниот агент секоја недела му се јавувал на режисерот Ридли Скот за да ѝ договори средба со него.
Кога тоа конечно се случило, Џина потрошила еден час убедувајќи го режисерот зошто треба да ѝ ја додели улогата на Луиз.
фото: Фејсбук
Улогата на крадецот Џ. Д., кој Телма и Луиз ќе го примат во нивното возило, силно ја посакувал Џорџ Клуни.
И покрај тоа што се појавил на пет аудиции, тој не ја добил улогата.
Оваа улога му ја дале на Бред Пит, кој во тоа време се пробивал во Холивуд, па добил хонорар од само 6.000 долари.
фото: Фејсбук
По 33 години од снимањето, актерките повторно се обединија на настанот во Конектикат, на која се славеше културата од '90-тите, а на кој присуствуваа бројни ѕвезди од овој период.
Иако Дејвис е помлада од Сарандон 9 години, тие се пријателки години наназад и мора да се признае дека изгледаат како времето да запрело за нив.
С. Ш. | Црнобело