Катарина Ивановска со фотка од доење: Како познатите го одбележаа Денот на мајката?
- Детали
- понеделник, 11 мај 2020
На 10-ти мај, се прославуваше Денот на мајката. Но поради сегашната ситуација, сите, вклучувајќи ги и познатите, беа присилени да прослават на дистанца.
Бидејќи речиси никој не бил во можност да го помине денот со мајка си, голем број славни го одбележаа празникот со објава на социјалните мрежи.
Славните мажи пак, не пропуштија прилика да им честитаат и на своите сопруги, а некои како Кајли Џенер, си честитаа и сами на себе, покрај на останатите мајки.
Како го одбележаа денот нашите и странските ѕвезди:
Катарина Ивановска
Македонската манекенка на Instagram Story сподели фотографија со мајка ѝ, но и фотки со нејзините деца:
Фото: Инстаграм Катарина Ивановска
Миа Костова
И Миа Костова сподели на Instagram Story стара фотографија од неа и нејзината мајка.
Фото: Инстаграм Миа Костова
Викторија Лоба
Лоба сподели слатка фотографија и напиша: „Среќен Ден на мајката, моја убава мамо“
Фото: Инстаграм Викторија Лоба
Северина
Познатата пејачка ѝ го честиташе празникот на мајка си со заедничка фотографија и емотивна порака:
„Ова е мојата мајка, кој и да ја запознае, ја сака – весела, луцидна, духовита, да не набројувам, и тоа со сите нејзини 82 години. Кога не беше дома, тоа за мене беше куќа без срце. Во најтешките моменти од мојот живот, секогаш беше брилијантно точна: Ќерко, слушај, само напред и не мисли на вчера. Тоа поминало, а што поминало, поминало...“, напишала пејачката.
Тејлор Свифт
Пејачката сподели видео од 1990-та, кога имала само 10 месеци:
„Разговорите со мајка ми отсекогаш биле и ќе бидат едни од моите омилени сеќавања – откога имав 10 месеци, како на ова видео од октомври 1990-та, до секојдневното зборување на телефон денес. Нашите разговори ми се сè. Боже, те сакам мамо.“
My conversations with my mom have always been and will always be some of my favorite memories - from when I was 10 months old in this video from Oct. 1990 to now talking every day on the phone. Our talks are everything to me. Myyyyyy goodness I love you Mom. Happy Mother’s Day 💐 pic.twitter.com/Okav6gEt2R
— Taylor Swift (@taylorswift13) May 11, 2020
Лиам и Крис Хемсворт
И познатите браќа не го пропуштија празникот и го обележаа со фотографии:
„Среќен Ден на мајката до мојата убава мајка“, напишал Лиам во описот.
„Среќен ден на мајката до сите неверојатни мајки, ве поздравуваме!“ - стои во објавата на Крис, каде што споделил фотографии од мајка му и сопругата.
Џастин Тимберлејк и Џесика Бил
Џастин објави слатка порака за сопругата Џесика:
„Продолжуваш да ме правиш целосен секој ден. Ова семејство функционира поради твојата љубов и добрина. Твоите момчиња те сакаат“, стои под фотографиите од неговото семејство.