Сопругата на Коби Брајант со трогателна објава за 14-тиот роденден на починатата ќерка
- Детали
- сабота, 02 мај 2020
„Ни се смешкаш од небото, знаеме“ – сопругата и ќерката на Коби Брајант емотивни за 14-тиот роденден на починатата Џиџи.
Џиана Брајант почина заедно со својот татко Коби Брајант на само 13-годишна возраст.
Вчера (01.05) ќе беше нејзиниот 14-ти роденден, а нејзината мајка Ванеса објави фотографија од неа под која напиша колку ѝ недостига.
„Среќен 14-ти роденден на моето девојче Џиана. Мама те сака повеќе од што можев некогаш да ти покажам. Ти си дел од мојата душа засекогаш. Ми недостигаш многу секој ден. Ми недостига твојата насмевка, прегратки и смеа. Ми недостига сѐ во врска со тебе Џиџи. Те сакам толку многу.“
https://www.instagram.com/p/B_psEN4jWPc/?igshid=17dlfselef0du&fbclid=IwAR0JF7Hh0mwX-8E99VMlrLlVD2r77ajSHzYW2CFXi7tqA9zNBTr3IZAygMY
И сестрата на Џиана, Наталија Брајант, напиша емотивна објава за роденденот на Џиана.
„Среќен 14-ти роденден Џиџи. Ми недостига твојата насмевка секој ден, но знам дека постојано ни се смешкаш од небото со тато. Те сакам.“
https://www.instagram.com/p/B_qN8hkJ9LA/?igshid=b96ss96n35qb&fbclid=IwAR0X7ZBQ_19SztIWmSgDDUGnejNdVONO3roWfRBSFNK0rPS1NMcnahm8Z1g