„Животот во Лос Анџелес за принцот Хари е малку предизвикувачки“
- Детали
- вторник, 14 април 2020
Покрај тоа што комплетно го промени животот, принцот Хари сега ќе се откаже и од омиленото хоби поради Меган, открива негова пријателка.
Изгледа дека принцот Хари не е толку среќен како неговата сопруга Меган Маркл за преселбата во Лос Анџелес.
Пријателка на принцот, 86-годишната доктор Џејн Гудал, проговори за Хари и неговиот нов живот во британските медиуми:
„Не знам како ќе му се развива животот, но да во контакт сум со него и сметам дека животот во Лос Анџелес малку му е предизвикувачки во моментов“.
На прашањата за него таа откри и дека принцот Хари е одличен ловџија, но верува дека тој ќе престане да лови затоа што тоа не ѝ се допаѓа на неговата сопруга Меган, иако тоа било неговото омилено хоби долги години.
Инаку во медиумите кружи информација дека на Меган ѝ биле понудени 1 милион евра за да каже сѐ што ѝ лежи на душата во отворено интервју, како тоа со принцезата Дијана од 1995 година, каде таа емотивно се соголи пред јавноста.
Сепак, многумина ја советуваат дека навистина нема потреба да ја кажува нејзината страна на работите и ако сака да ги добие повторно симпатиите на јавноста да си задржи некои работи за монархијата само за себе.
Прочитајте и Го мразела училиштето, имала афера со телохранителот: 10 факти за принцезата Дијана.
С. С. | Црнобело