„Сега би кажал: Ви реков!“ – Дали Мајкл Џексон ја предвидувал пандемијата?

Сте забележале ли дека Мајкл Џексон многу често се појавуваше во јавноста со маска на лицето? Изгледа имал добра причина за тоа.

telohranitelot-na-majkl-jackson-tvrdi-deka-pejachot-ja-predvidel-pandemijata-01.jpg

Мет Фидс му беше телохранител на Мајкл речиси цела деценија и тврди дека Кралот на поп музиката ја сфатил потенцијалната опасност од ширењето на микробите и вирусите.

telohranitelot-na-majkl-jackson-tvrdi-deka-pejachot-ja-predvidel-pandemijata-04.jpg

Имено, Мајкл предвидел дека светот го очекува катастрофална пандемија со вирус или некоја друга заразна болест. Секако, не е дека буквално предвидел корона вирус, но знаел дека нешто слично има можност да се случи.

„Знаеше дека природната катастрофа е секогаш овде. Беше многу свесен и секогаш веруваше дека некој микроб може да се разнесе во секој момент“, вели Мет.

telohranitelot-na-majkl-jackson-tvrdi-deka-pejachot-ja-predvidel-pandemijata-02.jpg

Според Мет, на пејачот му се случувало да посети и по четири држави во еден ден и да се сретне со стотици луѓе. Ова, во комбинација со стравот од потенцијална опасност од некој вирус или некоја болест, го натерало Мајкл многу често да носи заштитна маска.

„На шега му велев да не ја носи маската бидејќи ме срами“, изјави телохранителот на пејачот.

Мајкл, пак, му одговарал:

„Мет, не можам да се разболам, не можам да ги разочарам фановите. Имам концерти. Овде сум со причина. Не смеам да си го оштетам гласот, морам да останам здрав, не знам кого ќе сретнам денес, не знам што можам да пренесам.“

telohranitelot-na-majkl-jackson-tvrdi-deka-pejachot-ja-predvidel-pandemijata-03.jpg

Интересно е што пејачот не бил „гермофоб“, туку едноставно бил свесен за потенцијалната опасност и ги преземал сите мерки за да се заштити.

Според Мет, кога пејачот зборувал за оваа тема, неретко го нарекувале луд.

„Знам што точно би им рекол Мајкл на луѓето денес: Ви кажав“, вели Мет.

telohranitelot-na-majkl-jackson-tvrdi-deka-pejachot-ja-predvidel-pandemijata-05.jpg

Телохранителот има само добри зборови за пејачот и вели дека тој бил една од најинтелигентните личности што ги познавал.

„Не можете да станете светска суперѕвезда ако не сте интелигентни“, вели Мет за неговиот поранешен шеф.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес... Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...
Ким Кардашијан се жали дека децата ѝ се надвор од контрола: „Се заклучив во бањата, не можам веќе са... „Тропаат по врата, врескаат, плачат додека не добијат iPad, а јас не можам да из...
„Никогаш во животот не би ѝ дал втора шанса“ – Првиот сопруг на Џеј Ло раскажува каков бил бракот со... Вели дека имал можност да види преку ноќ како Џеј Ло се променила и почнала да с...
Класика и гламур: 16 парови кои издоминираа на Мет гала 2024 (фото) Познатиот режисер Таикa Ваитити се држеше во сенка на славната сопруга Рита Ора,...
Остана без работа поради користењето дрога, не ѝ дозволувале да јаде: Тажни детали од животот на Кеј... По бурната врска со Џони Деп, за да го преболи, Кејт Мос се вплетка во љубовен т...
Познати светски ѕвезди чии родители им го уништиле детството И покрај славата и богатството, раниот живот на Меколи Калкин не бил лесен. Со н...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg