Принцот Вилијам го скрши кралскиот протокол – Направи селфи со фан
- Детали
- сабота, 07 март 2020
ВО Ирска, принцот Вилијам го скрши кралскиот протокол за да му ја исполни желбата на еден фан и направи селфи фотографија.
Членовите на кралското семејство обично не позираат со фанови, ниту потпишуваат автограми, но војводата од Кембриџ решил да направи исклучок.
Кога малата Џенифер Малон му дала букет од нарциси, го замолила да направат и селфи, на што Вилијам не можел да каже „Не“.
Мајката на Џенифер ја споделила фотографијата на Twitter и веднаш стана вистински хит.
Според коментарите, ова е можеби најдобриот момент од посетата на Кејт и Вилијам во Ирска.
Интересно е што ова не е првпат Џенифер да со фотографира со позната личност. Минатата година, таа го запознала Хју Џекмен, а актерот ја сподели нивната фотографија на Twitter.
„Здраво Џенифер. Ти благодарам што се фотографира со мене. Ти си прекрасна. Те сака Х.Џ.“ стои во описот.
Hi Jennifer. Thanks so much for taking a picture with me. You’re awesome. Love HJ @donnamalone21 pic.twitter.com/Tu2aUWQYuw
-->— Hugh Jackman (@RealHughJackman) June 3, 2019
Спирова С. | Црнобело