Ретро фотографии од Џенифер Анистон од почетокот на нејзината кариера
- Детали
- сабота, 07 март 2020
Успехот никогаш не ѝ бил гарантиран на Џенифер Анистон. Како и повеќето, и таа имала проблеми на почетокот од кариерата и се појавувала во филмови на кои не е горда.
Сепак, Џенифер донела храбра одлука да се пресели во Холивуд и да си ја проба среќата, додека истовремено имала неколку работни места за да преживее.
Почнала со неколку проекти на Бродвеј, а подоцна успеала да ја добие препознатливата улога на Рејчел Грин во безвремената серија „Friends“.
Денес целиот свет знае за Џенифер, но овојпат ќе се фокусираме на нејзиното минато.
Во продолжение погледнете неколку одлични ретро фотографии од Џенифер од почетокот на кариерата:
Џенифер во „Leprechaun“
Ова е ретка фотографија од првиот филм на Џенифер, насловен „Leprechaun“. Филмот е од 1993-та, пред актерката да стане една од најголемите холивудски ѕвезди.
Самата има изјавено дека ова е нејзината најлоша улога и, наводно, се срамела од неа.
Позирање со нејзината насловна страница
Замислете си како се чувствувала Џенифер во овој момент. На фотографијата таа позира со нејзината насловна од Cosmopolitan.
Денес не е реткост да ја видите актерката на насловната на многу списанија, но оваа е една од првите.
Одење со бастун
Ова е стил што веројатно не би го повторила денес.
Всушност, актерката многупати го има менувано својот стил, особено во минатото.
Џенифер и комбинезонот
Ова е изглед што нема да го заборави никој фан на „Friends“.
Во периодот кога се емитуваше серијата, токму Џенифер ги прослави комбинезоните и наскоро ги носеа сите.
Веројатно би изгледала одлично во нив и денес.
Изглед од 90-тите
Оваа слика одлично ја прикажува модата од 90-тите, заедно со фризурата што ја посакуваше секоја девојка.
Овој период Џенифер сè уште се пробиваше како актерка.
Сцена од филмот „Office Space“
Откако се прослави со „Friends“, Џенифер почна да добива и други улоги.
Еден од филмовите во кој се појави е „Office Space“ од 1999-та. Можеби ова не е нејзината најзначајна улога, но со неа покажа дека може да глуми и во филм.
Широка насмевка
Џенифер обожава да патува, особено на сончеви дестинации со плажа.
Наводно, Мексико ѝ е една од омилените дестинации.