Скандалозни ѕвезди кои ги изгубија живците пред камера
Линдзи Лохан
Уште една драма што инспирираше серија мемиња на интернет, претставува моментот кога судијата ѝ ја прочита пресудата, на поранешната дизниева ѕвезда.
Некогаш перспективната и мошне талентирана млада глумица и пејачка, заврши во судница, поради повеќекратно возење под дејство на алкохол. Во неколку наврати беше апсена.
Линдзи Лохан не ги криеше емоциите, туку се расплака пред камерите. Оттогаш наводно се има опоравено, иако лежеше во затвор уште неколкупати. А, сега има свое шоу на телевизијата MTV.
Џастин Бибер
Младиот и бунтовен изведувач влезе во потенцијална физичка пресметка со фотограф. Поточно, го нападна во Лондон во 2013 година. Сите медиуми ја пренесоа веста за насилничкото однесување на тинејџерската ѕвезда.
Кој знае што навистина ќе се случеше, ако целиот инцидент не се одигра во близина на телохранителот на Џастин Бибер?! Претходната ноќ пејачот ја помина во болница, бидејќи на концертот имал проблеми со дишењето. Покасно за целата ситуација се огласи на социјалната мрежа Твитер.
Според образложението кое го напиша, папарацото „си го барал“ со тоа што го предизвикувал и навредувал. Ова го разбеснило музичарот, така што изглегол од комбето, сакајќи да се тепа со него. За среќа не се случи ништо сериозно. Само малку се посрамоти. И не му е првпат.
Соланж Ноулс
Светот многу добро ја памети ескалацијата на конфликтот меѓу сестрата и сопругот на поп кралицата Бијонсе. Иако не го забележаа папараците, сепак има видео снимка од безбедносните камери.
По завршувањето на Мет галата во 2014 година, тројката заедно се качила во лифтот. Соланж потоа насилно го нападнала раперот. Џеј Зи се обидувал да ја спречи да не го удри, а ги раздвоил телохранителот.
Додека тие се пресметувале, пејачката цело време ги набљудувала од страна, без воопшто да се меша. Малку чудно, зар не?
Постојат неколку теории за случката, ама ниедна не е потврдена. Можеби го нападнала бидејќи не ја почитува жена си, а можеби и не го сака како зет. Никој всушност не знае.
Она што е познато е дека после инцидентот, сестрите си заминаа со едно такси, а музичарот со друго.
Том Круз
Славниот глумец пред тринаесетина години гостуваше во емисијата на Опра Винфри. Кога водителката го праша за неговата сега веќе бивша сопруга, тој почна како „ненормален“ да скока по каучот.
Некои мислеа дека станува збор за заљубеност, додека останатите за нешто сосема друго. Лудило.
Том Круз подоцна се извини и рече дека бил претерано ентузијастичен, па затоа така изреагирал. Ние сепак ќе му поверуваме дека тоа беше излив на љубов. Или, сепак не?!
М. А. | Црнобело