Скандалозни ѕвезди кои ги изгубија живците пред камера
- Детали
- петок, 12 јули 2019
Од епски изливи на бес, преку тепачки и вербални конфликти, па до наводно скокање од љубов, некои познати личности изведоа вистинска драма, пред очите на јавноста.
Ова се скандалозните ѕвезди кои ги изгубија живците пред камера:
Крис Браун
Кога е озогласениот музичар во прашање, не се работи за класичен нервен слом. На сите им е познато дека насилникот одамна ја нападна и претепа бившата девојка Ријана.
Крис Браун гостуваше во емисијата „Good morning America“. На прашањето поврзано со инцидентот, реагираше прилично бурно. Ја распара неговата маица, го фрли столчето низ прозор и демонстративно избега од студиото.
Подоцна се извини за драмата, но само уште еднаш докажа, дека не знае баш најдобро да го контролира бесот. Оттогаш веројатно ја има научено лекцијата, бидејќи поголеми „губења“ од ваков тип немал досега. За среќа.
Бритни Спирс
Принцезата на поп музиката си ја избричи главата и ги нападна папараците со чадор. Ова е веројатно најпознатиот нервен слом на една ѕвезда во историјата, а на целата случка многумина и денес се сеќаваат.
Бритни Спирс, со тазе избричена глава, појде кај поранешниот сопруг, Кевин Федерлајн, за да може да си ги види децата. Тој не ѝ дозволи, а папараците сето ова го снимија. Освен што беше лута на него, тие дополнително ја разбеснија, па пејачката ги нападна со зелен чадор.
Фотографот успеа да го задржи и стави на аукција, а приходите вети дека ќе ги даде во добротворни цели. По немилиот настан, ѕвездата стана тема за потсмев и мемиња на интернет, но успешно се рехабилитираше и закрепна од лошиот период.
Канје Вест
Се сеќавате на „шоуто“ кое го приреди раперот при доделувањето на наградите VMA во 2009 година ? Станува збор за еден од најнепријатните и најчудните моменти забележани со камера, што во живо го проследија милиони гледачи.
Во категоријата за најдобар спот победи тогаш 19-годишната Тејлор Свифт. Изборот не му се допадна на Канје Вест, па одлучи да го прекине нејзиниот говор, за да одржи негов. Се качи на бината и ѝ го одзема микрофонот. Во целата приказна ја заплетка и Бијонсе.
Лично нему повеќе му се допаднало музичкото видео од поп кралицата, па сметаше дека таа ја заслужува наградата. Ваквиот чин не наиде на поддршка од никого. Напротив. Иако во повеќе наврати ѝ се извини, очигледно никој и никогаш нема да му го заборави тоа. Бијонсе подоцна ја повика Тејлор Свифт да се врати на сцената.