Мајка роди црномурно и албино бебе - денес се најуникатните близнаци на светот
- Детали
- среда, 03 јули 2019
„Кога ми ја дадоа мојата албино ќерка во рацете мислев дека ми дале погрешно бебе поради белата кожа. Но, таа беше совршена - здрава и убава, бев среќна“, вели црномурната мајка.
Џудит Нвокоча (38) од Нигерија била воодушевена кога родила близнаци во 2016 година, од кои машкото било црномурно, а девојчето албино.
Таа кога го видела малото русо девојче помислила дека ѝ донеле погрешно бебе, но потоа ѝ било објаснето за неговата состојба.
Џудит и сопругот 8 години се бореле да добијат дечиња и биле воодушевени кога станале родители, особено на вака уникатни близнаци.
Таа вели дека иако изгледаат различно, близнаците имаат одлична врска, но луѓето не веруваат кога ќе им кажат дека се близнаци.
„Гледам шок на лицето кога ќе им кажам дека јас сум им мајка, но нема негативни реакции, сите велат дека мојата алибно ќерка е прекрасна“, изјави Џудит.
Запознајте ги уникатните близначиња, кои сега имаат 3 години:
С. С. | Црнобело