Џеј Ло си ја зема наградата за модна икона облечена во дводелен црвен фустан (фото)
- Детали
- среда, 05 јуни 2019
Низ годините Џеј Ло се има појавено во многу неверојатни и незаборавни аутфити, па заслужено таа ја доби наградата за модна икона.
Џенифер Лопез ја доби наградата за модна икона на CFDA модните награди, а на црвениот тепих во Њујорк се појавија уште многу стилски ѕвезди.
За најголемиот моден настан, Џеј Ло беше облечена во дводелна црвена креација на Ralph Lauren, која ја комбинираше со црвена чанта и црвени сандали.
Џеј Ло им се заблагодари на сите дизајнерски куќи како Oscar de la Renta, Versace, Dolce and Gabbana, Gucci, кои ѝ овозможиле да заблеска во нивните креации низ годините, комбинирајќи улична и висока мода.
Покрај нив, пејачката им се заблагодари на нејзините деца, како и на вереникот Алекс, кој е постојано покрај неа и го гледа како најголема поддршка, бидејќи според неа, прави да се чувствува како најубавата личност во светот.
М. М. | Црнобело