Како изгледаат ѕвездите без помош од шминкер, фризер и стилист?
- Детали
- сабота, 08 декември 2018
Богатите и славните дами позираат на црвениот тепих, облечени во скапи креации и беспрекорно средени, покажувајќи ѝ го на јавноста своето најгламурозно издание. Меѓутоа, дали митот за нивното совршенство е во допир со реалноста? Одговорот е не.
Мноштво познати жени им се инспирација за стил и убавина на девојките ширум светот, како и заштитни лица на глобалните брендови за мода и козметика. А, дел од популарните имиња издаваат и сопствени колекции за шминка, парфеми и облека. Со други зборови – изгледот наголемо продава.
Но, пред да им позавидите на лицето без акни и подочници, прекрасниот тен на кожата, како и чистата и негувана коса, имајте го предвид фактот дека за нив работи цел тим од врвни професионалци. Ним задачата им е да создадат илузија, претворајќи ја „обичната“ женска убавина, во онаа како од бајките.
Папараците се тие кои ја соголуваат вистината, ловејќи ги славните убавици во „природно“ издание, без куп шминка и намонтирана фризура, како и во гардероба што самите ќе си ја одберат, тогаш кога мислат дека нема да бидат забележани.
И тогаш сфаќате дека тие се далеку од совршени, туку се соочуваат со истите проблеми како и мнозинството припаднички од понежниот пол. Дури и имињата кои редовно се наоѓаат на листите за најпосакувани од страна на мажите.
Погледнете како изгледаат ѕвездите без помош од шминкер, фризер и стилист, наспроти појавувањата каде се дотерани од глава до пети:
Џенифер Лопез
Бијонсе
Софија Вергара
Аманда Сејфрид
Џенифер Анистон
Кејти Холмс
Џиџи Хадид
Ким Кардашијан
Ума Турман
Хајди Клум
Мила Кунис
Адел
Марго Роби
Џесика Бил
Наоми Вотс
Кели Кларксон
Камерон Диаз
Николет Шеридан
Кејли Куоко
M. A. | Црнобело