Елса Хоск ќе го носи Victoria’s Secret градникот од фантазиитe со 2.100 Сваровски дијаманти (фото)
- Детали
- вторник, 06 ноември 2018
Следејќи ја традицијата, Victoria’s Secret откри како ќе изгледа градникот од фантазиите (Fantasy Bra) кој ќе биде дел од овогодинешното модно шоу.
Елса Хоск е среќниот ангел кој ќе ја има таа чест да го носи градникот од фантазиите во форма на бралет од 1 милион долари на модната писта, а првата фотка заедно со кратко видео беа објавени на официјалниот Инстаграм профил на Victoria’s Secret.
https://www.instagram.com/p/BpzeWgmgKtP/
https://www.instagram.com/p/Bpz-6M8huB2/
Градникот има 2.100 Swarovski дијаманти, биле потребни преку 930 часа за да се изработи и е повеќе од 71-каратен, а тоа значи – многу светки.
Ангелот на Victoria’s Secret се пофали на социјалните мрежи и објави фотка со градникот, а во описот напиша дека тоа ѝ е најдобриот роденденски подарок.
Погледнете како изгледа градникот од фантазиите на Victoria’s Secret за 2018-та:
М. М. | Црнобело