Бекамови одмораат на Свети Стефан: 13 барања кои морало да бидат исполнети пред да пристигнат
- Детали
- вторник, 17 јули 2018
Медиумите веќе со денови се во потрага по Бекамови кои одмораат во Црна Гора. Целото семејство моментално се наоѓа на Свети Стефан, а првите фотки вирално се проширија по социјалните мрежи.
Имаат постојани телохранители, како на копно така и во вода, а покрај безбедносните мерки морале да бидат исполнети и следниве барања пред тие да пристигнат:
- Да може да уживаат како на пуст остров, без папараци и фанови
- Положба на лежалките и точно пропишана далечина од останатите
- Специјална исхрана
- Вода каква семејно пијат каде и да одат
- Проток на кислород во нивните апартмани
- На располагање постојано да имаат возач и обезбедување, кое ќе се држи на одредена дистанца
- Поглед од апартманите
- Звучна изолација
- Задолжителен балкон
- Два луксузни апартмани
- Потпишан договор за почитување на приватноста, односно за молчење на сите информации и настани на кои присутните од хотелот ќе сведочат
- Собарките влегуваат само во точно договорено време
- Исто така, не смее со себе да носат мобилни телефони за да не ги злоупотребат
Сепак, папараците очигледно добро си ја завршиле работата, бидејќи папарацо фотките веќе се во јавноста:
М. Д. | Црнобело