Славни фаци со неславно минато: Џеј Ло била зад решетки, Кучер е сведок на убиство
Џеј Зи
Најбогатиот рапер на светот и сопруг на познатата Бијонсе, јавно проговори за стравичниот инцидент од детството, кога со огнено оружје пукал во својот постар брат Ерик. 12-годишниот Џеј Зи го застрелал во рамото, бидејќи украл прстен од дома за да купи дрога.
„Мислев дека животот ми заврши. Мислев дека ќе одам во затвор засекогаш. Ужасно беше. Бев уште дете, бев преплашен.“, се присети музичарот на мрачните моменти, во разговорот за британскиот весник The Guardian. Ерик, кој во минатото бил зависник, не само што не поднел пријава против помалиот брат, туку и му се извинил при посетата во болница.
Џенифер Лопез
Малкумина се сеќаваат дека и латино дивата се најде зад решетки. Со некогашниот партнер Шон Комбс, таа беше приведена кон крајот од 1999 година, поради нелегално поседување на оружје. По пукотниците во ноќен клуб, таа и раперот се обиделе да ѝ побегнат полицијата, со украден пиштол во багажникот од автомобилот.
Пејачката помина 14 часа во самица, а по испитувањето, пуштена е да се брани од слобода. Според полициските извори, ѕвездата „цело време плачела во ќелијата“. Џенифер Лопез ја прекина нејзината врска со раперот една година подоцна.
Џенифер Лоренс
Популарната американска глумица е моментално меѓу најталентираните и најбараните холивудски ѕвезди. Таа важеше за вистинска „светица“,сѐ до хакерскиот напад во 2014 година, кога на површина испливаа серијата голи фотографии со експлицитна содржина. Па, публиката ја запозна оскаровката во сосема поинакво светло. За жал – не баш ласкаво.
Џастин Бибер
Миленикот на тинејџерската публика има богата музичка кариера, ама и досие со прекршоци на законот. Во 2013 година, Џастин Бибер беше обвинет за вандализам во Бразил. Година дена покасно, куќата на соседот ја гаѓаше со јајца. А, недолго потоа го уапсија и за возење во пијана состојба и со измината дозвола во Мајами.
На полицијата ѝ призна дека консумирал алкохол, марихуана и препишани лекови. Поп ѕвездата се извлече со условна казна и општествено корисна работа, додека на соседот му исплати надомест за направената штета.
Винона Рајдер
Во текот на ’90-тите, глумицата важеше за миленичка во Холивуд. Од 2001 година, пак, за неа почнаа да кружат сосема различни муабети. Која е причината? Винона Рајдер беше фатена на дело во Беверли Хилс, крадејќи дизајнерска облека во вредност од 5.500 долари.
За време на судењето, актерката призна дека користи дрога и непрепишани лекови. На крајот, условно беше осудена за кражба и вандализам. По скандалот, направи подолга пауза од снимање филмови.
Шарлиз Терон
Преубавата холивудска дама, пак, била сведок на ужасна трагедија во детството. Во 1991 година, мајка ѝ на Шарлиз Терон го застрелала нејзиниот татко алкохоличар. Убиството го извршила во самоодбрана, па не е покренато никакво обвинение.
„Се преправав како ништо да не се случило. Никому не кажав. Кога некој ќе ме прашаше, лажев дека загинал во сообраќајна несреќа.“ Глумицата лани проговори за немилиот настан, истакнувајќи дека ќе ја следи целиот живот.
М. А. | Црнобело