Славни фаци со неславно минато: Џеј Ло била зад решетки, Кучер е сведок на убиство
- Детали
- недела, 03 јуни 2018
Порано или подоцна, сѐ се дознава. Знаевте ли дека латино дивата Џенифер Лопез има лежено во затвор? Која е глумицата што го „скрши“ дечко ѝ од ќотек, а наместо тужба, доби веренички прстен од негова страна?
Ѕвездите кои ги гледаме на филмските платна, или, пак, малите екрани, речиси секогаш делуваат совршено. Како да немаат никакви пороци, а ни проблеми во секојдневиото. Меѓутоа, биографиите на дел од нив се и повеќе од контроверзни.
Од пијанства и секс скандали, па до кражби и убиства, јавните личности не се без темни дамки во животот. Кои се мрачните тајни што не им успеа да ги сокријат од јавноста? Ова се дел од славните фаци кои имаат неславно минато:
Рис Витерспун
Кој би рекол дека и холивудската нежна душичка умее да биде незгодна и злобничка? Во 2013 година, на интернет се појави шокантно видео со Рис Витерспун во главната улога. Камен пијана и со дрзок став, американската глумица беше снимена како се расправа и му се заканува на полицаец.
„Знаеш ли ти која сум јас?“, прашуваше ѕвездата. Во подоцнежните интервјуа, таа понуди извинување за инцидентот. „Видов како го апсат сопругот и ме фати паника.“, се бранеше Витерспун.
Бар Рафаели
Прекрасната русокоса манекенка и некогашна љубов на Леонардо ди Каприо, не само што изгледа како милион долари, туку и заработува вртоглаво високи суми. Меѓутоа, таа има змија во џебот, па одби да си ги плати даноците кон државата, за автомобилите и луксузниот стан во Тел Авив.
Под обвинение дека не ги пријавувале милионските суми заработени во странство, Бар Рафаели и мајка ѝ беa уапсени во родната земја Израел, на 16 декември 2015 година. Моделот помина повеќе часа во истражен затвор.
Ештон Кучер
Минатото на филмската ѕвезда е дефинитивно најморничаво. Пред скоро 17 години, девојката со која актерот имал договорено љубовна средба, ладнокрвно беше убиена во својот дом. Ештон Кучер повеќепати ѕвонел на вратата, а подоцна и ги здогледал трагите крв низ прозорецот. Мислејќи дека се од црвено вино, а таа не му отвора затоа што е лута, не се јавил ноќта во полиција.
И самиот беше меѓу осомничените за злосторството, сѐ дури не се обзнани дека виновникот е наводно сериски убиец. Па, подоцна стана сведок во судскиот процес.
Eма Робертс
Познатата внука на Џулија Робертс, пак, покажа дека девојките не се секогаш понежниот пол. Во јули 2013 година, таа го претепа нејзиното момче Иван Питерс, по што беше уапсена во Канада. Ја пријавил случаен сведок на насилниот инцидент во хотелската соба.
Иако го „скрши“ од ќотек, дечко ѝ не само што одби да ја тужи Ема Робертс, туку двајцата потоа и се верија.
Клое Кардашијан
Полицијата ја уапси старлетата за возење под дејство на алкохол во 2007 година. Познатата членка на кланот Кардашијан беше осудена на 30 дена, а помина помалку од 180 минути во затвор. Сама се пријави да си ја отслужи казната, во придружба на семејството и неизбежните камери. Целиот инцидент беше документиран во нивното реално шоу.
„Ким, престани да се сликаш, сестра ти оди во затвор!“, гласи прекорот што мама Крис Џенер ѝ го упати на нејзината постара сестра во драматичните мигови. Наводно, фамилијата ја чува фотката на Клое од дента во рамка, а дури и се потсетуваат на заедничките мигови со објави на Инстаграм. Фини спомени, нели?