10 членови на кралски семејства со кои Кејт Мидлтон и принцот Вилијам се блиски пријатели
Пријателката на Вилијам Лејди Наташа Руфус Исак
Таа не е многу позната, но има кралска крв и е пријателка на Вилијам уште од детството. Присуствуваше и на неговата свадба со Кејт. Таа, исто така, е блиска и со принцот Хари.
Војводата и војвотката од Нортхамберленд
Во Англија има изненадувачки голем број луѓе со кралска крв за кои јавноста никогаш не слушнала. Ралф и Перси Џејн се малку постари од Кејт и Вилијам, но тие имаа покана за нивната свадба. Интересен факт е што парот го поседува замокот Хогвартс каде што е сниман филмот Хари Потер.
Братучетката на Вилијам Лејди Кити Спенсер
Таа иако нема многу силно кралско наследство, сепак е еден од најпознатите членови на британското кралско семејство. Убавата Кити е најстарата ќерка на Ерл Спенсер, братот на принцезата од Велс, Дијана.
Војвотката од Корнвел, Камила
Иако, во медиумите се говори дека принцот Вилијам има нестабилен однос со втората сопруга на неговиот татко, сепак многумина тврдат дека Кејт и Камила се многу блиски. Таа и е ментор на некој начин и често може да бидат видени заедно.
Лејди Амелија
Лејди Амелија е една од најзборуваните припадници на кралското семејство и често е опишувана како една од најубавите припаднички на кралското семејство. Таа е внука на братучедот на кралицата Елизабета, принцот Едвард и е 36-та во линијата за тронот.
Прочитајте и 10 работи што ќе се случат кога принцот Вилијам ќе стане крал!
С. С. | Црнобело