Ирина Шајк се крие во црн блузон, по шпекулациите за втора бременост
- Детали
- четврток, 03 мај 2018
Ирина Шајк и Бредли Купер иако живеат во Лос Анџелес, заради работни обврски, деновиве се на семеен престој во Њујорк.
Заедно со 1-годишната ќеркичка Леа, слободното време го искористија за посета на игралиште и прошетка.
Ирина Шајк беше скриена под црн блузон, со црни очила и качулка, па дополнително ги поттикна гласините за втора бременост.
Гласините започнаа откако на фотките од Pronovias промоцијата на венчаници во Мадрид, некои забележаа заоблено стомаче.
Широкото фустанче кое го облече на вечера со Бредли во Малибу (кон крајот на април), беше уште еден детаљ за можна бременост.
Дали Шајк се обидува да скрие среќни вести?
М. Д. | Црнобело