Бредли Купер продава сендвичи, Криси Тајген во пижами на вечера со сопругот: Ѕвездите како „обични“ луѓе
- Детали
- недела, 10 декември 2023
Бредли Купер одлучи да види како живее поголем дел од популацијата, па цел ден продаваше сендвичи во неговиот нов камион за храна, Емили Ратајковски, пак, сама отиде да си купи елка. Како изгледаат ѕвездите кога се фотографирани како „обични“ луѓе?
Изминатата недела беше исполнета со голем број настани, па голем број славни личности имаа можност да се појават средени и дотерани на црвениот тепих, додека пак, други завршија на насловните страни заради своите и не толку совршени фотографии.
Криси Тајген ни покажа дека и пижамите може да изгледаат одлично во вистинската комбинација за ноќно излегување, додека Кира Најтли беше уловена во несредено издание. Актерката беше фотографирана како шета со мајка ѝ во тренерки, калливи чизми и „пилотска“ капа на главата.