Кои три поранешни девојки на принцот Хари ќе присуствуваат на неговата свадба со Меган?
- Детали
- четврток, 22 март 2018
По раскинувањата принцот Хари останал пријател со поголем дел од своите поранешни девојки, а некои од нив ќе присуствуваат и на неговиот голем ден.
Принцот Хари очигледно знае како да ги задржи работите на ниво при разделбите, а за тоа сведочи фактот што на неговата свадба со Меган Маркл ќе присуствуваат дури три негови поранешни девојки.
Последна во листата на гости е пејачката Ели Голдинг (31). Инаку на листата со гости се и Кресида Бонас и Челси Дејви, со кои Хари имаше долги, јавни и значајни љубовни врски.
Од друга страна пак, принцот Хари и Голдинг својата врска никогаш официјално не ја потврдија, но интензивно се дружеа во периодот од 2014 до 2016 година. Наводно, видени се и како се бакнуваат на еден спортски настан.
Во едно интервју кога пејачката беше запрашана за дружбата со принцот Хари, таа ги замоли новинарите да не ја тераат да поцрвене од срам.
Поранешните девојки на Хари што ќе присуствуваат на неговата свадба:
Ели Голдинг
Кресида Бонас
Челси Дејви
Запознајте ги подобро неговите поранешни девојки!
С. С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





