Славни личности чии сегашни и поранешни партнери станаа вистински пријатели
- Детали
- недела, 24 ноември 2024
Тејлор Свифт денес е супер другарка со дури три жени кои се или биле во врска/брак со нејзини поранешни дечковци...
Кога паровите што се разведуваат си наоѓаат нов маж или жена, вообичаено, поранешните и сегашните партнери не се дружат (иако се во пријателски односи) или не сакаат да комуницираат едни со други.
Сепак, постојат исклучоци, па поранешните и сегашните партнери не само што се почитуваат, туку и се дружат и се вистински пријатели.
Ова се случува и во светот на познатите. Па, не е тајна дека иако се разведени, Гвинет Палтроу и Крис Мартин се супер пријатели, заедно слават родендени и празници, но и дека поминуваат многу време со новите меѓусебни партнери - Гвинет излегува со Дакота Фанинг, а Крис е често во друштво на новиот сопруг на Гвинет, Бред Фалчук.
Кои други светски ѕвезди имаат поранешни и сегашни партнери кои се меѓу себе блиски пријатели и се дружат?
Меган Фокс и Шана Бургес: Ги поврзува Брајан Остин Грин
Меган Фокс е поранешна сопруга на Брајан Остин Грин (со кого има три деца), а Шана е свршена со актерот и парот има едно дете.
Дека Меган и Шана се пријателки, открија неодамна кога Меган сподели фотки преку кои покажа дека е бремена и дека го чека првото дете со Машин Ган Кели.
На нејзината објава, Шана остави коментар:
„Добредојде малечко, едвај чекаме да те запознаеме. Мамо, ти честитам.“
Тејлор Свифт и Тај Лотнер: Ги поврзува Тејлор Лотнер
Пејачката и актерот од серијалот Twilight беа во врска во 2009 година. Лотнер се појави во спотот на Свифт I Can See You во 2023.
„Телјор и неговата сопруга се едни од моите најблиски пријатели, а интересно е што тројцата имаме исто име“, кажа пејачката на премиерата на спотот.
Тејлор Свифт и Софи Тарнер: Ги поврзува Џо Џонас
Тејлор беше во врска со пејачот на Jonas Brothers неколку години пред тој да се ожени со Софи Тарнер.
Но, откако парот се разведе, Тејлор и Софи неколкупати беа фотографирани заедно во Њујорк.
„Тејлор е мојот херој оваа година. Благодарна сум ѝ што нè прими мене и моите деца кога ни беше најтешко и ни даде кров над главата“, кажа потоа Софи, која се прослави со улогата на Санса во серијата Game of Thrones.
Тејлор Свифт и Џиџи Хадид: Ги поврзува Џо Џонас
Хадид и Свифт беа другарки и пред манекенката да почне да се гледа со Џо Џонас, а продолжија да се дружат и по кратката романса на Џиџи и Џо.
Миранда Кер и Кети Пери: Ги поврзува Орландо Блум
Кер и Блум останаа добри пријатели и покрај разводот, и често преку јавни коментари се поддржуваат еден со друг.
Но, откако Орландо е во врска со Кети Пери, манекенката и пејачката почнаа да се дружат, до толку што и неколкупати се појавија јавно на црвениот тепих.
„Ја обожавам Кети и среќна сум што Орландо покрај себе има жена која го сака и усреќува“, кажа Миранда во едно интервју.
Уште 5 на следната страница...
Би можело да ве интересира:





