Славни личности чии сегашни и поранешни партнери станаа вистински пријатели
Џејсон Момоа и Лени Кравиц: Ги поврзува Лиса Боне
И актерот и пејачот беа во брак со Лиса Боне - прво Лени, а неколку години подоцна и Џејсон.
Иако денес двајцата мажи се разведени од неа, во времето кога Џејсон беше во брак со Лиса, тој често споделуваше фотографии и со Кравиц и велеше дека музичарот е прекрасен човек и добар пријател.
Крис Мартин и Бред Фалчук: Ги поврзува Гвинет Палтроу
Иако по разводот Крис и Гвинет тргнаа секој по својот пат, сепак, останаа блиски, до толку што Крис често преспива во домот на поранешната сопруга и нејзиниот нов сопруг.
Гвинет Палтроу и Дакота Џонсон: Ги поврзува Крис Мартин
Откако врската на Крис Мартин и Дакота Џонсон стана јавна, Гвинет објави фотка на која се држи за рака со новата партнерка на нејзиниот поранешен сопруг.
„Знам дека изгледа чудно, но, јас ја обожавам Дакота. И мислам дека е многу зрело, особено поради децата, што сме сите пријатели и што сме сите присутни во нивните животи“, кажа во едно интервју Гвинет.
Деми Мур и Ема Хеминг Вилис: Ги поврзува Брус Вилис
Поранешната и сегашната сопруга на актерот се толку блиски, што во времето на короната, Деми беше во изолација заедно со новото семејство на Брус и со нивните заеднички ќерки.
„Ја доживувам како семејство и горда сум што можам да ја наречам пријателка, а што нашите деца се сестри кои се сакаат“, рече Деми во една пригода.
Нина Добрев и Ники Рид: Ги спојува Иан Сомерхолдер
Ѕвездите на Vampire Diaries, Нина Добрев и Иан Сомерхолдер беа во љубовна врска и во серијата и во реалниот живот, а кога раскинаа, Нина се повлече од серијата.
Иан пак се ожени со Ники Рид, која глумеше вампир во серијалот Twilight, и со која има две деца.
Неколку години откако раскинаа, тројцата актери објавија заедничка фотографија и покажаа дека и денес се дружат, а открија и дека Нина и Ники се блиски пријателки.
А. Ј. | Црнобело