Што прави и како изгледа Челси, русокосата со која принцот Хари беше во врска 7 години?
- Детали
- петок, 19 јануари 2018
Меган Маркл успеа во она што многу пред неа не успеаја - да влезат во кралското британско семејство.
Меган го освои принцот Хари, кој со години важеше за најпосакуваниот ерген во светот, но пред неа сите навиваа за Челзи Дејви – русокосата девојка со која Хари беше во врска цели 7 години.
Челзи имаше најголеми шанси да стане член од кралското семејство, од сите девојки на Хари пред Меган. Многумина веруваа дека Хари ќе заврши во брак со неа.
Врската пропадна по 7 години, а Хари во наредниот период се сврте кон љубовните авантури.
Челзи и Хари се запознале во Јужна Африка, од каде таа влече корени. Врската ја почнале кратко по запознавањето, а ја продолжија кога Дејви се преселила во Лондон за да студира.
По раскинувањето во 2010-та година, Челзи и Хари останале во добри односи.
Дејви денес е приватен претприемач, а во 2016-та година започна бизнис со сопствен бренд на накит Aya.
Според нејзиниот Инстаграм профил, животот ѝ е сосема во ред и без принцот Хари:
М. Д. | Црнобело