Како Тори Спелинг од богата наследничка стана задолжена жена на работ од нервен слом?
- Детали
- понеделник, 12 март 2018
Нејзините ужасни навики за трошење ја доведоа до критично ниво. Како ѝ наштети фактот што беше дете хрането од златна лажичка?
Познато е дека бракот на актерката и реалити ѕвезда Тори Спелинг (44) со Дин Мекдермот (51) е во криза, нејзината финансиска ситуација е во криза и нејзиното ментално здравје е во криза.
Во нивниот семеен дом неодамна интервенираше дури и полицијата откако било пријавено дека Тори има напад и се однесува нерационално.
Тори се соочува со тужби за долгови на кредитните картички. Ова трае со години и е чудно со оглед на тоа што нејзиниот татко Арон Спелинг, починатиот познат продуцент, ѝ остави големо богатство во наследство.
Кои навики на Тори ја доведоа до ваква финансиска криза:
Зависничка од шопинг
Ѕвездата од серијата Beverly Hills, 90210 растеше како разгалено холивудско дете кое трошеше вртоглави суми. Токму затоа таа наследи „само“ 800.000 долари од повеќемилионското богатство на нејзиниот починат татко.
Таа е зависник од шопинг и понекогаш за неа ги затвораат продавниците и Тори остава по 60.000 долари на едно купување.
Луксузни забави
Тори и Дин имаат 5 деца, а во 2014 година само на забавата по повод 6-тиот роденден на Стела, Тори потрошила 6.000 долари. За секое од присутните деца имало вистинско СПА искуство и маникир, педикир, фризури и што уште не.
Постојано троши огромни суми на нејзините деца.
Недвижнини
Во нејзината книга „Spelling It Like It Is“ таа отворено говори дека има неверојатно високи стандарди. Вели дека иако не може да си дозволи таков луксузен начин на живот, кога си пораснат со златна лажичка навистина е тешко да ја прифатиш реалноста.
Парот на пример за изнајмување на луксузна вила во Малибу давал и по 20.000 долари месечно. Проблемите на Тори со финансиите започна во 2011 година кога ја продаде луксузната вила во Калифорнија.
Пропаднати бизниси
Тори отвори продавница за антиквитети, мебел и подароци „InvenTORI“. Таму вложи многу пари, но за жал бизнисот ѝ пропадна и изгуби многу пари.
Пластични операции
Тори инвестира многу во себеси, а операцијата на носот и силиконите во градите се дел од пластичните операции за кои е познато дека ги направила.
Таа оди на скапи ласерски третмани за подмладување на кожата и постојано е на некаква терапија за разубавување.
Рехабилитација на сопругот
Откако во медиумите излегоа информациите за неверствата на Дин, Тори му плати престој во центар за рехабилитација од 70.000 долари. Тие тврдеа дека причина за неговите неверства наводно била секс зависноста од која страдал.
Таа, исто така, постојано плаќа заеднички терапии на кои се обидуваат да го спасат нивниот „совршен“ брак. Ова беше прикажано дури и во нејзиното реално шоу „True Tori“.
С. С. | Црнобело