Трудницата со стомачни до 9-ти месец го роди второто дете
- Детали
- среда, 18 октомври 2017
Најкритикуваната, но и најзгодната трудница на Инстаграм, Сара Стејџ, се породи.
Таа на 16-ти октомври во 13:20 часот го роди вториот син кој ќе се вика Логан Александар.
33-годишниата мајка е позната уште од нејзината прва бременост со оглед на тоа што имаше стомачни 10 дена пред породувањето, а потоа и покрај критиките беше прогласена за најсекси мајка.
Во втората бременост таа повторно предизвика бура реакции со фотките кои ги објави во 5-иот месец од бременоста каде сѐ што можеме да забележиме се нејзините стомачни мускули.
Згодната мајка сѐ уште немаше забележливо трудничко стомаче на фотката која ја објави на Инстаграм за да го прослави 7-иот месец од бременоста, а во 8-иот месец пак, сподели како тренира.
Во 9-иот месец, веќе стомачето беше малку забележливо, а таа изгледаше неверојатно и на неколку дена пред породувањето.
Денес, Сара ја соопшти веста за породувањето со фотка на Инстаграм заедно со нејзиниот сопруг, првиот син и новороденото синче Логан Александар.
М. М. | Црнобело