Трудницата со стомачни мускули: 7-иот месец од бременоста го прослави со бикини фотка
- Детали
- четврток, 03 август 2017
Моделот за долна облека, Сара Стејџ официјално влезе во третото тромесечие од бременоста, но нејзиното трудничко стомаче е сѐ уште незабележливо.
33-годишната убавица е моментално во седмиот месец од бременоста со нејзиното второ дете и исто како со првото, таа тешко го покажува тоа.
Таа објави фотка на Инстаграм од неа во портокалови бикини, во кои изгледа неверојтно, а сѐ што можеме да видиме е нејзиното згодно тело и стомак со стомачни мускули.
Таа исто така откри дека со сопругот планираат ова дете да им биде последно, па се обидува да ужива во секој момент и секоја секунда од бременоста.
Згодната Сара, исто така им се заблагодари на своите фанови за нивното поддржување на нејзината фитнес електронска книга и водич за исхрана.
Сепак, покрај тоа што има фанови кои ја поддржуваат, таа наиде и на низа критики упатени кон нејзиното тело уште во 5-иот месец од бременоста.
За време на првата бременост ја обвинуваа дека не е нормално да се има стомачни мускули, а сега се соочува со слични критики, но, очигледно таа не се грижи за нив.
М. М. | Црнобело