Фит мајка критикувана заради тоа што трудничкото стомаче не ѝ се познава во 5-иот месец
Моделот за долна облека и фит мајка Сара Стејџ на Инстаграм сподели сосема обична фотка во бикини, на плажа, додека нејзиното 2-годишно синче ѝ го допира стомакот.
33-годишната убавица не се ни надеваше дека ќе стане најновата мета на критики.
Но, откако ќе ви откриеме дека Сара е во 5-иот месец од бременоста, ќе се запрашате: Каде е стомакот и бебето?
Претходно истата мајка ги подели мислењата на социјалните мрежи и со фотките од првата бременост, кога буквално имаше стомачни до 8-иот месец.
„Имам малечко стомаче, но овојпат детето е поставено поинаку. Докторот ми рече дека го носам пониско,“ гласи објаснувањето на згодната мајка.
М. Д. | Црнобело