Фотки од животот на Принцезата Дијана пред да стане дел од кралското семејство
- Детали
- среда, 09 август 2017
За животот на Принцезата Дијана пред да стане дел од Британското кралско семејство не знаеме многу.
Светот повеќе го интересираат деталите за нејзиниот брак, како и сите теории кои сè уште се измислуваат за нејзината смрт.
Дијана Спенсер, родена на 1 јули 1961 во богато семејство, била една обична девојка од Норфолк, Англија. Во училишните денови посетувала часови по пијано, а во слободното време се дружела со нејзиното пони коњче Скафл.
Уште во детството, оваа девојка сонувала да направи нешто големо со својот живот. Во 1969-тата, нејзините родители се развеле, а Дијана останала да живее со татко ѝ. Во 1970-тата родителите ја запишале во училиште со интернат.
Особено ја интересирале пијаното и балетот и била одлична ученичка. Во 1980-та година, Дијана се преселила во Лондон каде работела како инструкторка по танц и воспитачка во градинка. Во тој период се запознала со Принцот Чарлс кој набргу ја побарал за жена.
Следната година ја направиле свадбата и започнал нејзиниот живот како принцеза кој траеше сè до 31 август, 1997, кога трагично загина во сообраќајна несреќа.
Во галеријата погледнете ги фотографиите од животот на Дијана пред да стане принцеза:
М. В. | Црнобело