Тамара Тодевска ги испрати децата на училиште, по враќањето од одмор со саканиот Лука и целото семејство
- Детали
- среда, 11 септември 2024
Партнерот на Тамара постојано е дел од сите семејни собири, па така беше и со одморот во Грција, по кој децата на Тамара тргнаа на училиште. Првачето Дарен не ја трга насмевката од лицето, сподели Тамара.
Тамара Тодевска и саканиот Лука се неразделни, па така тој беше со неа и на семејниот одмор во Грција, кој Тамара го мина со децата, сестра ѝ Тијана Дапчевиќ и мајка ѝ Брана.
Но, вчера (10.09) тие го завршија својот летен одмор, а денес (11.09) Хана и Дарен тргнаа на училиште.
Тамара сподели видео на Инстаграм Стори како нејзините малечки одат возбудени кон новите почетоци, а особено синот Дарен кој не ја трга насмевката од лицето.
„Таа среќа за школо не сум ја видела кај никого“, напиша Тамара во описот на видеото.
Инаку, Дарен годинава е прваче и по првиот школски ден, пред да заминат на одмор, Тамара сподели: „Он седна прв ден во клупа како да веќе завршил школо... Среќно сине!“
Повеќе фотографии од одморот:
С. С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





