Тамара ги однесе децата на одмор во Грција по почетокот на школската година - уживаат со баба и тета (фото)
- Детали
- четврток, 05 септември 2024
Насмевки, прегратки, семејно дружење на три генерации - Тамара и Тијана се на море со мајка им Брана и децата на Тамара.
Тамара Тодевска и Тијана Дапчевиќ го искористија крајот на летото за семејно уживање на море.
Сестрите се во Неа Мудања, Грција, заедно со нивната мајка Брана, но и децата на Тамара - Хана и Дарен.
Тие си поминуваат одлично, а тоа може да се види и на фотографиите од плажа кои Тамара ги објави на Инстаграм.
„Септември“, напиша Тамара и покажа како трите генерации од семејството се забавуваат - Хана и Дарен си играат во вода, Тамара се гушка со мајка ѝ, Тијана позира со кучето.
Фотките од семејниот одмор пејачката ги објави откако откри дека Дарен годинава е прваче и дека тргнал на училиште.
Хана, пак, годинава е трето одделение.
Погледнете ги фотографиите:
А. Ј. | Црнобело