Кортни Кардашијан со 15 години помладиот дечко на одмор во Египет (фото)
- Детали
- среда, 09 август 2017
Изгледа дека романсата на Кортни Кардашијан и Јунес Бенџима е посериозна и трае сѐ уште.
38-годишната ѕвезда објави неколку фотки од нејзиниот последен егзотичен одмор, овојпат во Египет, заедно со нејзиното момче.
Бринетата се сончаше во блескави сини бикини и мачкести очила за сонце во друштво на згодниот Јунес.
Сепак, парот изгледа не бил сам на романтично патување, бидејќи им се придружиле и пријатели на Кортни со кои тие споделуваа заеднички фотографии.
https://www.youtube.com/watch?v=LQOkoICrs2E
Кортни и Јунес се заедно неколку месеци, а неодамна уживаа во летото во Сен Тропе.
Сега, погледнете како тие се забавуваат во Египет:
М. М. | Црнобело