Ева Мендес фотографирана без стомаче: Тајно ја родила втората ќерка
- Детали
- вторник, 10 мај 2016
Како што беше случајот со првата бременост, така пред само неколку недели дознавме дека Ева Мендес е повторно бремена и заедно со Рајан Гослинг го очекуваат своето второ дете.
А сега, според сертификатот за породување од една болница во Калифорнија, се откри дека нивната ќерка, Амада Ли Гослинг, веќе е родена пред две недели.
Токму така, второто дете на најзгодната холивудска двојка родено е на 29-ти април 2016-та година во болницата Сент Џон, а со ова слободно може да се каже дека тие се меѓу ретките парови кои успеваат максимално да го сокријат својот приватен живот од очите на јавноста.
Двете деца го делат името на бабата на Ева Мендес, Амада.
42-годишната Ева и 35-годишниот Рајан, биле забележани како го прославуваат Денот на мајката по породувањето и можеме да заклучиме дека изгледа одлично:
Н. Г. | Црнобело