Кортни Кардашијан стегната во корсет по 4-ото породување: „Се плашам од пролапс на вагината – не сакам да вежбам“
- Детали
- четврток, 27 јуни 2024
„Сакам да се вратам во јавност, но во моментов го дојам бебето и не сакам да се брзам, а и ми препорачаа да внимавам на вагината“ – раскажува Кортни Кардашијан само 2 месеци по породувањето. Таа мака мачела со вишокот килограми, но не смеела да вежба.
Само 2 месеци откако го роди 4-ото бебе, синот Роки 13 кој го доби со сопругот Тревис Баркер, Кортни Кардашијан требаше да се појави на доделувањето на Еми наградите, каде излезе во костум со нагласена половина.
Сега во најновата епизода на реалното шоу The Kardashians, Кортни покажува дека мачела вистинска мака за да изгледа добро на црвениот тепих и дека и пред сестра ѝ Ким, таа се послужила со корсет за да може да го скрие вишокот килограми и да изгледа повитко.
Во најновата епизода Кортни имаме можност да ја видиме како се шета стегната во корсет и раскажува како води вистинска битка со вишокот килограми по 4-ото дете, затоа што ѝ препорачале да не почнува со тренинг за да не „ѝ се распадне вагината“.
„Во последните 2 месеци уживав да бидам дома со бебето и не сакам да излезам. Се чувствувам анксиозно затоа што повторно треба да се појавам пред светот“ – вели таа и додава дека треба да ослаби уште 5 килограми за да изгледа во топ форма.
„Сакам да се вратам во јавност, но во моментов го дојам бебето и не сакам да се брзам, а и ми препорачаа да внимавам на вагината. Не треба да скокам или да трчам во период од 6 месеци“ – се пожали.
На прашањето, што значи да внимава на вагината, Кортни накратко појаснува:
„Па може да добиете пролапс, а мислам дека тоа значи дека вагината ќе ти се распадне“ – вели Кортни.
По дефиниција вагинален пролапс е кога гениталните органи (матката, вагината, мочниот меур) се изместуваат, односно се придвижуваат кон излезот на вагината.
Причина за ваквата појава се опуштените мускули и лигаменти на карлицата.
Сепак, Кортни вели дека сака да се храни здраво затоа што го дои синчето, а за да се справи со вишокот килограми ќе се послужи со корсет кој ќе ѝ ја нагласи половината.
Прочитајте и Кортни Кардашијан по неуспешните ин-витра и бизарните методи со пиење семена течност: „Само со молитва забременив“
Б. С. Б. | Црнобело