Ева Мендес со месеци ја крие втората бременост - Рајан Гослинг по вторпат ќе стане татко
- Детали
- петок, 15 април 2016
Можеби и не е големо изненадување, со оглед на тоа што ја криеја и првата бременост, но се чини дека Рајан Гослинг и неговата сопруга Ева Мендес, по вторпат ќе станат родители.
Како што првата бременост успешно ја криеја сè до 7-от месец од бременоста, така се чини и овојпат се обидуваа да сокријат од јавноста дека очекуваат второ дете.
Тие веќе се родители на 19-месечната Есмералда Амада, а се чини дека на пат е и второто дете.
42-годишната актерка како и првата бременост, така и оваа се обидува да ја сокрие од јавноста, односно како што вели близок извор: „Не сака никој друг да знае освен најблиските пријатели и семејството“.
Според блиските извори, ниту Рајан Гослинг не е поразличен и тој сака да ги крие важните моменти од својот живот од јавноста.
Но, се чини дека трудничкото стомаче можеше да се види на прошетка во Лос Анџелес.
Н. Г. | Црнобело