Рајан Гослинг ќе стане татко! Ева Мендес е во 7-от месец од бременоста
- Детали
- четврток, 10 јули 2014
Изминативе неколку часа се шпекулираше за бременоста на Ева Мендес, а веќе денес сите озборувања беа потврдени - Ева и Рајан го очекуваат своето прво дете!
Актерката е бремена, потврдува магазинот People. Парот започна љубовна врска во 2011 година и од тогаш ја чува во строга тајност.
Пријател на Ева Мендес е изворот на оваа вест, кој признава дека таа никогаш не планирала брак и деца, барем не додека не го запознала Рајан.
„Со Рајан, работите се поинакви... Таа е независна, но поврзана со својот партнер. Конечно ја пронајде личноста со која сака да биде.“
Последното појавување на Ева Мендес се случи во Март оваа година, што им даде уште една причина на таблоидите да претпоставуваат дека таа го крие своето трудничко стомаче.
Уживајте во најубавите фотографии од Ева и Рајан во изминативе 3 години: