Познати жени кои (веројатно) имаат направено бразилски лифтинг на задникот, според пластичен хирург
- Детали
- сабота, 27 април 2024
Според пластичен хирург од Лас Вегас, Џеј Ло најверојатно ја има направено процедурата за зголемување на задникот, но многу суптилно - само колку да ги истакне нејзините природни облини.
Веројатно мал е бројот на познати дами кои немаат направено ниту една корекција на лицето или телото. А, и оние кои имаат направено, не секогаш признаваат.
Но, благодарение на искуството, пластичните хирурзи обично можат да препознаат дали некој има коригирано нешто.
Во последно време, мошне популарен станува таканаречениот бразилски лифтинг на задник. Оваа процедура може да чини и до 10.000 долари, а вклучува вбризгување масни наслаги во задникот.
Обично хирурзите користат масни наслаги од половината или внатрешната страна на бутовите. Што значи, со оваа процедура се добива и липосукција.
За Daily Mail, пластичниот хирург Кристофер Роса, кој има клиника во Лас Вегас, истакнува дека некогаш процедурата е очигледна, како што е случајот на Ким Кардашијан.
Но, тој вели дека сè почесто се бара и посуптилно изведување на процедурата кое може да биде потешко да се забележи.
Според него, сосема возможно е Џеј Ло да има направено ваква процедура, но во нејзиниот случај е вбризгано многу мало количество масти, само колку да се акцентираат нејзините природни облини.
Кои познати дами најверојатно ја имаат направено процедурата?
Ким Кардашијан
Иги Азалеа
Мадона
Карди Би
Ники Минаж
Кајли Џенер
Клои Кардашијан
Спирова С. | Црнобело