Последните фотки од Дејвид Боуви
- Детали
- вторник, 12 јануари 2016
Дејвид Боуви на неговиот последен 69-ти роденден го сподели својот албум „Blackstar“, а заедно со него и последните фотографии.
Пред камерата изгледа бунтовнички како и вообичаено, но и софистицирано во црна федора и сив костум.
Фотографиите беа објавени на неговата официјална страна само два дена пред да почине од рак на црниот дроб.
Направени се како промотивен материјал за неговиот албум од страна на неговиот омилен фотограф Џими Кинг.
Што се однесува до албумот, тој не претставува само прослава на неговиот 69-ти роденден, туку и проштално писмо до светот.
Боуви знаел дека му се наближува времето кога ќе мора да замине од овој свет, па последна песна за која подготвил видео спот е „Lazarus“.
Н. Г. | Црнобело