Марго Роби го покажа трудничкото стомаче во Италија – со сопругот го очекуваат првото дете (фото)
- Детали
- понеделник, 08 јули 2024
Актерката Марго Роби го очекува првото дете со сопругот Том, а кратко откако веста за бременоста допре до јавноста, таа го покажа трудничкото стомаче, за време на одморот во Италија.
Марго Роби и сопругот Том Акерли го очекуваат првото дете, а убавата актерка го покажа трудничкото стомаче кратко откако веста допре до јавноста.
Во неделата (07.07) 34-годишната актерка беше забележана во Италија во друштво на сопругот.
Марго носеше црни панталони и сако, како и бела кроп-топ маичка која ѝ го открива трудничкото стомаче.
Засега не е познато во кој месец е актерката, а го немаат откриено ни полот на бебето.
Всушност, парот се нема ни огласено за бременост, но светските медиуми пренесуваат дека веста е потврдена од неколку извори блиски до Марго и Том.
Марго и Том се запознаа во 2013 година, а актерката има изјавено дека пред да го сретне сопругот, не ни помислувала на врска.
„Ми се гадеше од самата помисла за врска. И, тогаш се појави тој.
Бевме пријатели долг период. И, јас бев вљубена во него, но не верував дека и тој е вљубен во мене. Но, потоа станавме пар“.
Тие ја почнаа врската во 2014 година, а се венчаа во 2016-та.
И Марго и сопругот се дел од филмската индустрија, а актерката вели дека следат едно правило за да бидат сигурни дека нивната врска ќе опстане.
„Најважното нешто што сум го научила од другите парови во индустријата е дека не треба да поминеме повеќе од три недели раздвоено.
Врските на далечина можат да бидат многу тешки, да ве натераат да мислите на сè и сешто, па правилото со трите недели е клучно“.
Марго и Том ја криеја врската од јавност и првпат се појавија на црвен тепих како пар дури во 2017 година.
Том е продуцент, а со Марго имаат соработувано на неколку проекти, вклучувајќи ги и филмовите Birds of Prey и Barbie.
Повеќе фотки од Марго и сопругот во Италија:
Спирова С. | Црнобело