Марк Закерберг има инспиративен одговор на бабичката која го нарече бубалица на Фејсбук статус
- Детали
- вторник, 05 јануари 2016
Основачот на Фејсбук, Марк Закерберг, се изјаснил кој е неговиот личен предизвик за 2016-та година - сам да изгради робот кој ќе му помага по дома.
„Секоја година си давам предизвик за да научам нови работи и да растам надвор од Фејсбук. Моите предизвици во изминатите години беа да читам книги секој месец, да научам кинески и да запознавам нови луѓе секој ден.
Мојот личен предизвик за 2016-та е да изградам едноставен робот кој ќе се грижи за мојот дом и ќе ми помага при работењето. Како Џарвис од „Ајрон Мен“.
Ќе почнам со веќе постоечката технологија...“.
Every year, I take on a personal challenge to learn new things and grow outside my work at Facebook. My challenges in...
-->-->Posted by Mark Zuckerberg on Sunday, January 3, 2016
Every year, I take on a personal challenge to learn new things and grow outside my work at Facebook. My challenges in...
-->Posted by Mark Zuckerberg on Sunday, January 3, 2016
Многумина коментирале на неговата објава, но само еден коментар му го привлекло вниманието:
„Постојано им кажувам на моите внуки да излегуваат со бубалиците од училиште, никогаш не знаат кој ќе биде следниот Марк Закерберг. Ти благодарам за Фејсбук, се поврзав со семејството и многу стари пријатели и соученици“.
Марк вратил со неверојатен коментар:
„Уште подобро, поттикнувај ги да бидат бубалицата во нивното училиште за да можат да бидат успешни пронаоѓачи“.
Н. Г. | Црнобело