Ја обвинуваат, а тој најмил проститутки и се забавувал - Зошто девојката на Лиам Пејн е неутешна по неговата смрт?
- Детали
- петок, 25 октомври 2024
„Не можеш да се грижиш за возрасен 30-годишен маж 24/7, 365 дена во годината“. Пријателите на девојката на Лиам Пејн застанаа во нејзина одбрана, по обвинувањата дека таа е виновна за смртта на пејачот, кој по нејзиното заминување најмил проститутки и им се вратил на пороците.
Помина речиси една недела од трагичната смрт на музичарот Лиам Пејн, а во светските медиуми не стивнуваат пишувањата за причините што ја предизвикаа неговата прерана смрт.
Многумина пишуваа и за неговата девојка Кејт Кесиди, која го оставила сам во Аргентина само два дена пред смртта и „индиректно“ ја обвинија за инцидентот што се случи.
„Живеела со него 2 години. Знаела за неговите проблеми. Но, сепак го оставила сам. Многу тажно“ – стои во еден од коментарите упатени до неа на нејзиниот Инстаграм профил.
По прелиминарниот токсиколошки извештај јасно е дека Лиам пред смртта бил под дејство на алкохол и опојни супстанци, а дека неговата девојка не може да се помири со тоа што се случило.
Таа на Инстаграм објави повеќе негови фотографии и искрена порака во која откри дека парот имал сериозни планови за иднината.
„Не знам ниту од каде да започнам. Не можам да објаснам колку ми е скршено срцето. Би сакала да можеше да видиш колкаво влијание си имал во светот, иако сѐ ми изгледа мрачно во моментов.
Ти носеше толку многу среќа и позитивна енергија кај сите – кај твоите обожаватели и особено кај мене. Ти се неверојатно сакан.
Ти си – затоа што не можам да кажам ‘беше’ – љубовта на мојот живот и секој што си го допрел се чувствувал посебно, исто како што се чувствував и јас.
Ништо од ова не ми делува реално и не можам да се помирам со новата реалност дека повеќе те нема. Се борам да сфатам како треба да живеам во свет во кој повеќе те нема“ – напиша таа.
Во продолжение Кејт открива дека пред неколку години заедно си запишале белешки на кои ги искажале своите планови за иднината, а на неговата пишувало:
„Јас и Кејт да стапиме во брак следната година и да бидеме заедно засекогаш“.
„Лиам, знам дека ќе бидеме заедно засекогаш, но не на начинот на којшто планиравме. Ти секогаш ќе бидеш со мене. Добив ангел чувар“ – порача таа.
Додека Кејт не дава изјави за медиумите и не раскажува јавно што се случило и зошто си заминала два дена пред неговата смрт, нејзини пријателки дадоа изјава за американските медиуми па појаснија што всушност се случило.
Според нив, таа се чувствувала како да е киднапирана во Аргентина.
„Не можеше да си замине, затоа што не беше сигурна дека може да му верува дека ќе остане трезен? Откако ќе си замине, што ќе направи тој?
Но, таа имаше други одговорности, други обврски што треба да ги заврши. Па на крај мораше да донесе одлука.
Му рече дека сака да си одат по една недела, а тој ја молеше да останат. Тој постојано го продолжуваше патувањето...
Тој не сакаше да си оди дома, и на крај му рече дека заминува сама. Таа го направи тоа што мораше да го направи, не знаеше што ќе се случи и таа одлука ќе ја следи до крајот на животот.
Се чувствува ужасно, иако сите ѝ велат дека не е нејзина вина. Не можеш да се грижиш за возрасен 30-годишен маж 24/7, 365 дена во годината“ – велат пријателите.
Според најновите сознанија, по нејзиното заминување, Лиам најмил две проститутки и неконтролирано консумирал опојни супстанци, што довело до неговиот пад од балконот.
Прочитајте и Во телото на Лиам Пејн најдени 3 различни видови кокаин: „Беше трезен, но дилерите го искористија“
Б. С. Б. | Црнобело